Православен календар

Свети Јаков, епископ Нисибиски

13 јануари (по стар стил)

Живееше како отшелник - во лето на отворено поле, а зимно време во пештера. Еднаш слезе во градот Нисибија за да види како успева верата христијанска и како живеат христијаните. Но, тука го избраа за епископ. Учествуваше на Првиот Вселенски Собор и го заштитуваше Православието од Ариевата ерес. Се случи еднаш незнабожните Персијци со војска да ја нападнат Нисибија. Свети Јаков излезе со литија на градските бедеми, па и самиот се искачи на бедемот и шеташе по него не плашејќи се од непријателските стрели што беа управени на него. Шетајќи така, светителот Го молеше Бога да го сочува градот и верните во него така што ќе испрати муви и комарци врз Персијците, за да ги изгонат од нисибиските бедеми. Не бараше смрт на непријателите ниту друга погибел или пораз, туку една малечка здодевност што би ги истерала оттаму. И Бог ја услиши молитвата на Својот угодник и испрати многу муви и комарци врз Персијците, та нив ги изгони, а градот Нисибија го спаси. Свети Јаков поживеа долго и чесно, а во длабоката старост се упокои мирно, во 350 година.

Сподели на твитер
днсЈануари 2021
П119
С220
Н321
П422
В523
С624
Ч725
П826
С927
Н1028
П1129
В1230
С1331
Ч141
П152
С163
Н174
П185
В196
С207
Ч218
П229
С2310
Н2411
П2512
В2613
С2714
Ч2815
П2916
С3017
Н3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Не се постиНе се пости
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
13
стар
стил
Јануари
26
Јануари
нов
стил
Вторник. Не се пости.
Мч-ци Ермил и Стратоник (315)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Ава Пимен рекол: оној кој што усилено сака да се здобие со љубов од луѓето се лишува од Божјата љубов. Не е добро на сите да им се допаѓаме, бидејќи е речено: „тешко вам, кога сите луѓе ќе зборуваат добро за вас“ (Лк. 6,26).

Древен старечник, 8. 16

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
© Денови.мк