Православен календар

Празник на иконата „Млекопитателница“ (млекохранителка)

12 јануари (по стар стил)

Така се вика иконата на Пресвета Богородица којашто светиот Сава Српски ја донесе од манастирот на свети Сава Освештен, кој се наоѓа близу до Ерусалим, и ја положи во својата испосница во Кареја, на Света Гора. На тој начин се исполни пророштвото на свети Сава Освештен, изречено осумстотини години претходно: дека ќе дојде некој свештеник од далечна земја, кој ќе има исто име како неговото - Сава, и дека на тој Сава треба да му ги предадат иконата Млекопитателница и жезолот на свети Сава Освештен. Кога свети Сава Српски ја посети обителта на свети Сава Освештен, жезолот падна од своето место, што беше знак дека тој е оној Сава за кого пророкувал основачот на светата обител, та му ги предадоа и иконата и жезолот. Оваа икона е поставена на десната страна од царските двери во испосницата, а жезолот се наоѓа во една келија, наречена Патерица, исто така во Кареја.

Сподели на твитер
днсМај 2026
П118
С219
Н320
П421
В522
С623
Ч724
П825
С926
Н1027
П1128
В1229
С1330
Ч141
П152
С163
Н174
П185
В196
С207
Ч218
П229
С2310
Н2411
П2512
В2613
С2714
Ч2815
П2916
С3017
Н3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Не се постиНе се пости
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
3
стар
стил
Мај
16
Мај
нов
стил
Сабота. Не се пости.
Мч-ци Тимотеј и Мавра (286); +Преп. Теодосиј Киево-Печерски (1074)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Од сите слабости, кои што ја обременуваат човечката природа, нема ни една – ниту душевна, ниту телесна - која не може да добие исцелување од Светото Писмо.

Св. Јован Златоуст
Беседи на книгата Битие, 29.1

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк