Православен календар

Преподобната мајка Синклитикија

5 јануари (по стар стил)

По потекло од Македонија. Воспитана во Александрија. Како богата и угледна девојка многумина ја бараа заради брак, но таа сите ги одби и побегна од домот на нејзините родители во манастир. Поживеа осумдесет години, во најголемо воздржание, пост, бдеење и молитва. Нејзините поуки од монасите се постојано сметани за вистински духовни бисери, бидејќи светата Синклитикија високата духовна мудрост ја стекна не преку книги, туку преку страдање, мака, низ деноноќно размислување и духовно општење со Божествениот свет. Во тој возвишен свет со душата се пресели во 350 година. Меѓу другото, света Синклитикија велеше: „Ако е време на пост не оставај го постот божем заради болест, зашто и оние што не постат запаѓаат во истите болести“. Уште велеше: „Како што изложеното богатство брзо го разграбуваат така и добродетелта, кога се разгласува, се помрачува и се губи“.

Сподели на твитер
днсЈануари 2025
С119
Ч220
П321
С422
Н523
П624
В725
С826
Ч927
П1028
С1129
Н1230
П1331
В141
С152
Ч163
П174
С185
Н196
П207
В218
С229
Ч2310
П2411
С2512
Н2613
П2714
В2815
С2916
Ч3017
П3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Не се постиНе се пости
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
13
стар
стил
Јануари
26
Јануари
нов
стил
Недела по Богојавление. Не се пости.
Мч-ци Ермил и Стратоник (315)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Послушанието им е потребно не само на монасите, но и на секој човек. Дури и Господ бил послушен. Гордите и своеглавите не допуштаат во нив да живее благодатта и затоа никогаш немаат душевен мир, а во душата на послушниот лесно влегува Светиот Дух и му дава радост и покој. Оној којшто носи во себе барем малку благодат, тој со радост му се потчинува на секое началство. Тој знае дека Бог управува и со небото и со земјата и со адот и со него самиот и неговите работи и со сè што е во светот и затоа секогаш е спокоен.

Преп. Силуан Атонски
Списи, XV.2

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк