Роднина на апостол Павле, Евреин од Евреите што живееја по елинските области. Беше прв од седумте ѓакони коишто светите апостоли ги ракоположија и ги поставија на служба на грижа за сиромасите во Јерусалим. Затоа и го нарекоа архиѓакон. Со силата на својата вера вршеше големи чуда меѓу луѓето. Злобните Евреи се препираа со него, но беа секогаш победувани од неговата мудрост и од силата на Светиот Дух Којшто дејствуваше преку него. Тогаш, посрамени, Евреите свикнати на измами и клевети, го побунија народот и народните старешини против невиниот. Клеветата против Стефан велеше дека хулел на Бога и на Светиот пророк Мојсеј. Брзо најдоа лажни сведоци коишто тоа и го потврдија. Тогаш Стефан застана пред народот и сите видоа дека лицето негово е како лице на ангел, т.е. озарено од благодатна светлина, како што некогаш беше Мојсеј кога говореше со Бога. Стефан ги отвори своите усни и ги наброја многуте добрини и чуда Божји извршени од Бога во минатото над народот израилски, но и многубројните злосторства и противења кон Бога од страна на тој народ. Особено ги изобличи за убиството на Господа Христа, нарекувајќи ги предавници и крвници. И додека тие шкрипеа со забите, Стефан погледна и го виде небото отворено и славата Божја. Тоа што го виде тој им го објави на Евреите: „Еве, ги гледам небесата отворени и Синот Човечки кај седи од десната страна на Бога“ (Дела 7). Тогаш пакосниците го изведоа надвор од градот и го убија со камења. Меѓу неговите мачители беше и неговиот роднина Савле, подоцна апостол Павле. Во тоа време на некој камен во далечината стоеше Пресвета Богородица со Свети Јован Богослов и го гледаа мачеништвото на првиот маченик за вистината на нејзиниот Син и Бог, молејќи Го Бога за Стефана. Ова се случи една година по слегувањето на Светиот Дух на апостолите. Телото на светиот Стефан тајно го зеде и го погреба на својот имот Гамалиил, кнез еврејски, а потаен христијанин. Така заврши во слава првенецот меѓу христијанските маченици и се пресели во Царството на Господ Исус Христос.
д | н | с | Септември 2024 |
---|---|---|---|
Н | 1 | 19 | |
П | 2 | 20 | |
В | 3 | 21 | |
С | 4 | 22 | |
Ч | 5 | 23 | |
П | 6 | 24 | |
С | 7 | 25 | |
Н | 8 | 26 | |
П | 9 | 27 | |
В | 10 | 28 | |
С | 11 | 29 | |
Ч | 12 | 30 | |
П | 13 | 31 | |
С | 14 | 1 | |
Н | 15 | 2 | |
П | 16 | 3 | |
В | 17 | 4 | |
С | 18 | 5 | |
Ч | 19 | 6 | |
П | 20 | 7 | |
С | 21 | 8 | |
Н | 22 | 9 | |
П | 23 | 10 | |
В | 24 | 11 | |
С | 25 | 12 | |
Ч | 26 | 13 | |
П | 27 | 14 | |
С | 28 | 15 | |
Н | 29 | 16 | |
П | 30 | 17 |