Православен календар

Преподобна Марија

12 февруари (по стар стил)

Девојка со машка храброст. По смртта на нејзината мајка, татко ѝ посака да се замонаши. Но, Марија не сакаше да се раздели од својот татко, па по договор обајцата се упатија во еден машки манастир, и тоа Марија со потстрижена коса и во машка облека, како момче. Умре татко ѝ, а Марија се замонаши како машко и го доби името Марин. Во близина на манастирот имаше гостилница и ќерката на гостилничарот се загледа во божемниот монах Марин и откако неуспешно го искуша, го обвини овој монах за недопустлив однос со неа, а таа со некого зачна и роди син. Марија не се бранеше, па беше понижена и избркана од манастирот. Со туѓо дете на рацете проживеа пред портите на својот манастир три години трпејќи глад и студ и секаква мака и немаштија. По ова ќерката на гостилничарот полуде, а наскоро потоа Марија умре. Дури по смртта се дозна дека „монахот“ Марин бил женско. А кога лудата ќерка на гостилничарот се допре до моштите на света Марија, оздраве и потоа го призна својот страшен грев. Света Марија се упокои и се пресели во бесмртната радост во 508 година.

Сподели на твитер
днсДекември 2020
В118
С219
Ч320
П421
С522
Н623
П724
В825
С926
Ч1027
П1128
С1229
Н1330
П141
В152
С163
Ч174
П185
С196
Н207
П218
В229
С2310
Ч2411
П2512
С2613
Н2714
П2815
В2916
С3017
Ч3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
МаслоМасло
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
20
стар
стил
Ноември
3
Декември
нов
стил
Чет., Божикен пост. Претпр. на Воведение. Масло.
Преп. Григориј Декаполит (816); Св. Прокло, архиеп. Константинополски (V)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Човекот се стекнува со стравот Божји ако постојано се сеќава на својата неизбежна смрт и на вечните маки кои ги очекуваат грешниците. Ако секоја вечер се испитува себеси - како го поминал денот, а секое утро – како поминала ноќта, и ако не е дрзок во општењето со другите.

Преп. Ава Доротеј
Душеполезни поуки 4

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
© Денови.мк