Православен календар

Светиот свештеномаченик Власиј

11 февруари (по стар стил)

Родум од кападокиската област. Богобојазлив и кроток уште од раното детство. Заради своите големи добродетели беше избран за епископ на градот Севастија. Во тој незнабожечки град свети Власиј беше големо духовно светило. Во времето на тешкото гонење на христијаните, свети Власиј го храбреше своето стадо и ги посетуваше Христовите маченици по затворите, меѓу кои особено се истакнуваше славниот Евстратиј. Кога градот Севастија остана сосем без христијани - едни пострадаа, други побегнаа - тогаш старецот Власиј се повлече во планината Аргеос и таму се насели во една пештера. Дивите ѕверови го познаа светиот човек и се приклонија кон него и тој ги милуваше. Но, гонителите го најдоа светителот и во неговото скривалиште и го поведоа да му судат. Патем, Власиј исцели едно момче на кое му беше застанала коска во грлото, а на поплаката на една вдовица дека волкот ѝ го грабнал прасето, направи со силата на својата молитва волкот да ѝ го врати украденото. Мрачните судии го мачеа жестоко, го биеја и го стружеа. Со својата непоколебливост во верата, свети Власиј многумина ги обрати кон Христа. Заедно со него беа затворени седум жени и две деца. Прво ги заклаа жените, а потоа и чудесниот Власиј со децата. Пострадаа и се прославија во 316 година. Народот му се моли на свети Власиј за напредувањето на добиците и за заштита од ѕверовите.

Сподели на твитер
днсМај 2025
Ч118
П219
С320
Н421
П522
В623
С724
Ч825
П926
С1027
Н1128
П1229
В1330
С141
Ч152
П163
С174
Н185
П196
В207
С218
Ч229
П2310
С2411
Н2512
П2613
В2714
С2815
Ч2916
П3017
С3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Не се постиНе се пости
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
2
стар
стил
Мај
15
Мај
нов
стил
Четврток. Не се пости.
Св. Атанасиј Велики, архиеп. Александријски (373); Св. Борис-Михаил Бугарски (907)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Желбата своја преточи ја во молитва кон Бога, Кој сè знае уште пред нашето раѓање. И немој да бараш сè да биде по твојата волја затоа што човекот не знае што му е полезно, туку вака моли му се на Бога: „Да биде Волјата Твоја!“ Бидејќи Он сè прави што ни е од полза.

Св. Генадиј Константинополски
Златна алка. 47

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк