Православен календар

Светиот свештеномаченик Петар Дамаскин

9 февруари (по стар стил)

За овој светител едни мислат дека живеел во 8 век, други во 12 век. Оваа разлика во мислењата секако доаѓа оттаму што постоеја двајца светители со името Петар Дамаскин. Овој за кого овде станува збор беше голем подвижник. Несебичен до крајност, самиот немаше ниедна книга, но ги позајмуваше и ги читаше. А читаше неуморно собирајќи мудрост. Едно време беше епископ во Дамаск, но бидејќи зборуваше против мухамеданството и манихејската ерес, Арапите му го пресекоа јазикот и го испратија во прогонство длабоко во Арабија. Но, Бог повторно му даде сила на говор, па и таму го проповедаше Евангелието и многумина ги обрати во верата Христова. За христијанското потомство состави една драгоцена книга за духовниот живот. Заврши како исповедник и маченик и се пресели во Царството Христово.

Сподели на твитер
днсОктомври 2026
Ч118
П219
С320
Н421
П522
В623
С724
Ч825
П926
С1027
Н1128
П1229
В1330
С141
Ч152
П163
С174
Н185
П196
В207
С218
Ч229
П2310
С2411
Н2512
П2613
В2714
С2815
Ч2916
П3017
С3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Не се постиНе се пости
текстови

• Што е тоа пост и зошто постиме?
• Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
2
стар
стил
Октомври
15
Октомври
нов
стил
Четврток. Не се пости.
Свмч. Кипријан, мц. Јустина и мч. Теоктист (304); Блж. Андреј јуродив (936)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Страст – тоа е противприродно движење на душата или заради неразумна љубов, или заради безрасудна омраза кон нешто материјално. Може да биде или неразумна љубов (кон јадења, кон жени, кон богатство, кон светска слава, или кон нешто друго чувствено), или пак безрасудна омраза кон некого поради нешто од горенаведеното.

Преп. Максим Исповедник, За љубовта, 2.16

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк