Православен календар

Преподобните Ксенофонт и Марија и нивните синови Јован и Аркадиј

26 јануари (по стар стил)

Угледни и богати цариграѓани. Живееја богоугодно и со најголемо внимание ги воспитуваа своите синови во христијански дух. Кога синовите им пораснаа, ги пратија на студии во Вирит (Бејрут), но се случи бура да го потопи коработ со кој пловеа. По Божја Промисла, Јован и Аркадиј беа некако спасени и исфрлени од брановите на брегот, но на две различни места, така што секој мислеше за другиот дека се удавил. Од тага еден за друг обајцата се замонашија во два различни манастири. После две години нивните ужалени родители појдоа во Ерусалим на поклонение на светите места. Таму со помош на прозорливоста на еден духовник се состанаа прво брат со брат, Јован и Аркадиј, а потоа и родителите со своите деца. Од благодарност кон Бога, Ксенофонт и Марија и самите го раздадоа сиот свој имот на сиромасите и обајцата се замонашија. Трогателната историја на овие четири свети души јасно покажува колку прекрасно Господ раководи со судбините на оние кои веруваат во Него, како допушта врз нив маки и жалости за потоа уште позасилени во верата да ги возведе во уште поголема радост. Живееја и се упокоија во Господ во 10 век. За овој Јован се смета дека е оној што е наречен Лествичник.

Сподели на твитер
днсСептември 2026
В119
С220
Ч321
П422
С523
Н624
П725
В826
С927
Ч1028
П1129
С1230
Н1331
П141
В152
С163
Ч174
П185
С196
Н207
П218
В229
С2310
Ч2411
П2512
С2613
Н2714
П2815
В2916
С3017
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Не се постиНе се пости
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
26
стар
стил
Август
8
Септември
нов
стил
Вторник. Не се пости.
Мч-ци Адријан и Наталија и други 23 со нив (311)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Во тебе секогаш нека има предност милоста, сè додека не ја осетиш онаа милост којашто ја има Бог кон светот. Срцето кое е жестоко и немилосрдно никогаш нема да се исчисти. Милостивиот човек е лекар на својата душа, затоа што како силен ветар го разгонува помрачувањето од страстите.

Преп. Исаак Сирин
Слова, 41

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк