Православен календар

Светиот свештеномаченик Климент, епископ Анкирски

23 јануари (по стар стил)

Роден 258 година во градот Анкира, од татко незнабожец и мајка христијанка. Неговата благочестива мајка Ефросинија му прорече на својот син маченичка смрт и го остави овој свет кога Климент беше на возраст од дванаесет години. Нејзината другарка Софија го зеде Климент во својата куќа како сопствен син и го помогна неговото воспитание во христијански дух. Климент беше толку прочуен заради неговиот добродетелен живот, што го избраа за епископ Анкирски во дваесеттата година од животот. Во младоста стекна старечка мудрост и со големо воздржание го скроти и победи своето тело. Се хранеше само со леб и зелје и не јадеше ништо заклано и крвно. Во времето на Диоклецијан беше мачен толку страшно „како никој никогаш од постанокот на светот“. Во маки и затвори помина дваесет и осум години. Го малтретираа и мачеа единаесет разни мачители. Кога еднаш го удираа по лицето, го плукаа и му ги кршеа забите, му довикна на мачителот Дометијан: „Ми правиш чест Дометијане, а не ме мачиш, зашто вака беше биена устата на мојот Господ Исус Христос и вака Му беа удирани образите, а ти и мене недостојниот со тоа ме удостои“. Кога го доведоа пред царот Диоклецијан во Рим, царот постави на една страна разни орудија за мачење, а на другата подароци, одликувања, облеки, пари - сè што би можел еден цар да дарува, па му рече на Климент да одбере. Христовиот маченик погледна на царевите подароци со презир и ги одбра справите за мачење. Беше неискажливо мачен: парче по парче месо му откинуваа од телото, така што коските му се проѕираа под месото. Најпосле војниците го убија со меч, во 312 година, во црквата во Анкира, додека како архијереј служеше литургија. Чудата што ги изврши свети Климент немаат број.

Сподели на твитер
днсОктомври 2026
Ч118
П219
С320
Н421
П522
В623
С724
Ч825
П926
С1027
Н1128
П1229
В1330
С141
Ч152
П163
С174
Н185
П196
В207
С218
Ч229
П2310
С2411
Н2512
П2613
В2714
С2815
Ч2916
П3017
С3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Не се постиНе се пости
текстови

• Што е тоа пост и зошто постиме?
• Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
4
стар
стил
Октомври
17
Октомври
нов
стил
Сабота. Не се пости.
Свмч. Јеротеј, еп. Атински (I)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Ако на некого му го злопамтиш, тогаш моли се за него; и со молитва одделувајќи ја тагата од сеќавањето за злото коешто ти го направил, ќе ги сопреш движењата на страстите; а станувајќи дружељубив и човекољубив, совршено ќе ја изгониш таа страст од душата. Кога некој друг ти се лути, биди кон него ласкав, смирен и однесувај се кон него со добро и ќе го избавиш од страста.

Преп. Максим Исповедник
Поглавја љубовта. 3. 90

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк