Православен календар

Преподобен Макариј Александриски

19 јануари (по стар стил)

Роден е во Александрија и најпрво беше продавач на овошје. Се крсти дури во четириесеттата година и замина на подвиг. Најпрво му беше ученик на светиот Антониј, заедно со Макариј Велики, а потоа стана игумен на манастирот Келии, меѓу Нитрија и Скитот. Нешто е помлад од другиот Макариј, па и умре подоцна од него. Живееше над сто години. Мачен од ѓаволските искушенија, особено од искушението на славољубието, се смируваше себеси со претешки подвизи и непрестајна молитва, постојано воздигнувајќи го умот кон Бога. Еднаш еден брат го виде како полни кош со песок, па го носи по ридот и го истура. Братот зачуден го праша: „Што правиш?“ „Го мачам оној што ме мачи мене“ (т.е. ѓаволот). Се упокои во 393 година, на старост над сто години.

Сподели на твитер
днсАприл 2023
С119
Н220
П321
В422
С523
Ч624
П725
С826
Н927
П1028
В1129
С1230
Ч1331
П141
С152
Н163
П174
В185
С196
Ч207
П218
С229
Н2310
П2411
В2512
С2613
Ч2714
П2815
С2916
Н3017
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
МаслоМасло
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
19
стар
стил
Март
1
Април
нов
стил
Саб., Велик Пост. Масло.
Мч-ци Хрисант и Дарија и други со нив пострадани (283)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Радосно е да се чувствува дека помеѓу луѓето немаме и не може да имаме непријатели, а имаме само несреќни браќа кои се достојни за сожалување и помош, па дури и тогаш кога тие - заради недоразбирање - стануваат наши непријатели и војуваат против нас. Тие не разбираат дека непријателот се наоѓа во нас самите и дека најпрвин треба него да го избркаме од себеси, а потоа и на другите да им помагаме да го сторат истото. Ние имаме еден заеднички непријател – тоа е ѓаволот и неговите зли духови, а човекот, колку и да паднал ниско, никогаш не ги губи барем неколкуте искри на светлина и добрина коишто можат да се распалат во силен пламен. А ние немаме никаква добивка од војувањето со луѓето, дури ако тие постојано ни задаваат различни удари и навреди... Да се војува со луѓето – тоа значи да се застане на нивната лажна позиција. Дури и во случај на успех, таа војна ништо не би ни дала, а би нè оддалечила на долго од нашата задача.

Свшт-испов. Роман Медвед
Писмо кон ќерката од логор, 1932

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
© Денови.мк