Православен календар

Светите маченици Евстратиј, Аксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест

13 декември (по стар стил)

Овие петмина храбри мажи светнаа како пет блескави ѕвезди во мрачното време на христоборните цареви Диоклецијан и Максимијан. Евстратиј беше римски војвода во градот Саталион, Евгениј му беше војнички другар, Орест беше исто така еден угледен војник, Аксентиј - свештеник, а Мардариј - прост граѓанин и земјак на Евстратиј, бидејќи обајцата беа од градот Аравракин. Царските намесници Лисиј и Агрикола го мачеа прво Акеснтиј, како свештеник. Кога го виде невиното страдање на христијанинот, Евстратиј сам се пријави пред Лисиј и изјави дека е христијанин. За време на неговото мачење истапи пред судијата и Евгениј и возвикна: „Лисиј и јас сум христијанин!“ А на Орест, кога нишанеше пред Лисиј, му испадна крстот од под облеката на градите, по што Лисиј го препозна дека е христијанин. Тогаш и самиот отворено исповедаше. Орест беше млад и прекрасен војник и во растот ги надвишуваше останатите. Аксентиј го убија со меч, Евгениј и Мардариј завршија во маки, Орест издивна сред усвитено железо, а Евстратиј - во огнена печка. Пред смртта, Евстратиј се причести во затворот од свети Власиј (се слави на 11 февруари). Подоцна неговите мошти беа пренесени во Цариград и положени во црквата со името на овие свети Петочлисленици. Во таа црква се случувало да ги видат и живи, а свети Орест му се јави и на свети Димитриј Ростовски (се слави на 28 октомври). Од свети Евстратиј остана една прекрасна песна што се чита на саботната полноќница: „Величаја величају тја, Господи!“

Сподели на твитер
днсМај 2022
Н118
П219
В320
С421
Ч522
П623
С724
Н825
П926
В1027
С1128
Ч1229
П1330
С141
Н152
П163
В174
С185
Ч196
П207
С218
Н229
П2310
В2411
С2512
Ч2613
П2714
С2815
Н2916
П3017
В3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Не се постиНе се пости
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
15
стар
стил
Мај
28
Мај
нов
стил
Сабота. Не се пости.
Преп. Пахомиј Велики (348); Св. Ахилиј Лариски (IV); Св. Исаија, еп. Ростовски (1090)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Таков е кај нас законот: ако простуваш, тоа значи дека и тебе Господ ќе ти прости, ако не простуваш, тоа значи дека и твојот грев останува со тебе.

Преп. Силуан Атонски
Записи. VII, 9

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
© Денови.мк