Православен календар

Свети Амвросиј, епископ Медиолански (Милански)

7 декември (по стар стил)

Овој голем Свет отец на православната Црква беше од прочуен род; татко му беше царски намесник на Галија и Шпанија, но по вера незнабожец, а мајка му христијанка. Додека беше уште во лулка како малечок, еднаш се спушти рој пчели врз него, излеаја мед на неговата уста и одлетаа. И уште како дете ја пружаше раката и пророчки велеше: „Целивајте, бидејќи ќе бидам епископ“. По смртта на својот татко, царот го постави за свој намесник на Лигурската област, во којашто главен град беше Медиолан, денешно Милано. Кога умре епископот на тој град, падна голема расправија меѓу православните и еретиците аријанци околу изборот на новиот епископ. По својата должност, заради одржување на редот, Амвросиј влезе в црква. Притоа едно дете извика на мајчините гради: „Амвросиј - епископ!“ Сиот народ ова го прими како глас Божји и наспроти волјата на Амвросиј, него го избраа едногласно за епископ. Тој се крсти и за една недела ги помина сите претходни чинови и беше ракоположен за епископ. Како епископ Амвросиј ја утврди православната вера, ги потисна еретиците, ги украси црквите, ја распростре верата меѓу незнабошците, напиша многу поучни книги и послужи како пример на вистински христијанин и христијански пастир. Тој ја состави и благодарствената песна: „Тебе Бога Те фалам“. Овој славен јерарх, кого заради неговата мудрост и слаткоречивост го посетуваа и луѓе од далечни земји, беше мошне воздржлив, трудољубив и бодар. Спиеше малку, работеше многу и Му се молеше на Бога непрестајно, постеше во сите денови освен во сабота и недела. Затоа Бог му даде да види многу Божји чуда, а и самиот да чудотвори. Ги откри моштите на Светите Протасиј, Гервасиј, Назариј и Келсиј (се слават на 14 октомври). Кроток кон малите луѓе, пред големите беше бестрашен. Ја изобличи царицата Јустина како еретик, тиранинот и убиецот Максим го проколна, на царот Теодосиј му забрани пристап во храмот сè додека не си го покаја гревот, со насилниот и самонаречен цар Евгениј не сакаше ни да се сретне. Овој богоугоден маж Бог го дарува со толку благодат, што и мртви воскреснуваше, демони од луѓето изгонуваше, болни од секаква болест исцелуваше и проѕираше во иднината. Се упокои мирно во мугрите на Воскресение во 397 година.

Сподели на твитер
днсНоември 2025
С119
Н220
П321
В422
С523
Ч624
П725
С826
Н927
П1028
В1129
С1230
Ч1331
П141
С152
Н163
П174
В185
С196
Ч207
П218
С229
Н2310
П2411
В2512
С2613
Ч2714
П2815
С2916
Н3017
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
ПостПост
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
25
стар
стил
Октомври
7
Ноември
нов
стил
Петок. Пост.
Мч-ци Маркијан и Мартириј, нотари Константинополски (355)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Колку и да се учиме, не е возможно да го познаеме Господа доколку не живееме по неговите заповеди, затоа што Господ не се познава со наука, туку со Духот Свети. Многу философи и учени луѓе дошле до вера дека Бог постои, но Бога не го познале. Една работа е да се верува дека има Бог, а друга е да се познава Бог... Оној што го познал Бога преку Светиот Дух, неговиот дух гори со љубов кон Бога дење и ноќе, и душата негова не може да се приврзе кон ништо земно.

Преп. Силуан Атонски
Записи, VIII.3

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк