Православен календар

Светиот новомаченик Христо

28 ноември (по стар стил)

Албански христијанин, населен во Цариград, градинар по занимање. При продажбата на својот зеленчук се замери со еден Турчин, којшто го наклевети пред судот и рече дека Христо ветил дека ќе се потурчи, па одрекол. Го измачуваа, па оковаа и го фрлија во затвор. Во затворот некој му понуди да јаде, но тој одби говорејќи: „Подобро гладен да се јавам пред мојот Господ“. Потоа извади врзоп пари што ги имаше под појасот и му ги даде на еден затвореник, со молба да му отслужат неколку заупокоени литургии. Убиен е од Турците во 1748 година и засекогаш прославен во Царството Христово.

Сподели на твитер
днсАприл 2024
П119
В220
С321
Ч422
П523
С624
Н725
П826
В927
С1028
Ч1129
П1230
С1331
Н141
П152
В163
С174
Ч185
П196
С207
Н218
П229
В2310
С2411
Ч2512
П2613
С2714
Н2815
П2916
В3017
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Строг постСтрог пост
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
3
стар
стил
Април
16
Април
нов
стил
Вто., Велик Пост. Строг пост.
Преп. Никита исповедник, игумен на обителта Мидикијска (824)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Сè што ќе изгубиш поради името Божјо - ќе го сочуваш; сè што ќе зачуваш за себеси ќе го изгубиш. Сè што ќе дадеш во името Божјо ќе го добиеш со добивка; сè што ќе дадеш поради сопствена слава и гордост исто како да си го фрлил во вода. Сè што примаш од луѓето како од Бога ќе ти донесе радост, сè што примаш од луѓето како од луѓе ќе ти донесе грижа.

Св. Николај Охридски
Мисли за доброто и злото

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк