Православен календар

Светата девица Мастридија

24 ноември (по стар стил)

Живееше во Александрија и својот осаменички живот го минуваше во молитва и ракоделие. Некој млад човек се разгоре со телесна страст кон неа и постојано ѝ здодеваше. Не сакајќи да Му згреши на Бога, а гледајќи дека не може лесно да се ослободи од разузданиот човек, еднаш света Мастридија го запраша што најмногу го привлекува кај неа. Тој одговори: „Твоите очи!“ Таа ја зеде иглата со којашто шиеше и си ги избоди со неа очите. Така го спаси својот мир и душата на младичот. Тој човек тогаш силно се покаја и се замонаши.

Сподели на твитер
днсФевруари 2019
П119
С220
Н321
П422
В523
С624
Ч725
П826
С927
Н1028
П1129
В1230
С1331
Ч141
П152
С163
Н174
П185
В196
С207
Ч218
П229
С2310
Н2411
П2512
В2613
С2714
Ч2815
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Не се постиНе се пости
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
8
стар
стил
Февруари
21
Февруари
нов
стил
Четврток. Не се пости.
Вмч. Теодор Стратилат (319) и прор. Захарија Серповидец, од 12-те
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Господ многу го љуби грешникот кој се кае и милостиво го прегрнува: „Каде беше чедо Мое? Јас одамна те чекам.“ Господ сите ги повикува кон Себе со гласот на Евангелието, и Неговиот глас се слуша по сета вселена: „Дојдете при Мене овци Мои. Јас ве создадов и ве љубам. Мојата љубов кон вас ме симна на земјата и Јас сè претрпев за вашето спасение и сакам да ја познаете Мојата љубов и да речете како апостолите на Тавор: Господи, добро ни е со Тебе.“

Преп. Силуан Атонски
Списи. IX. 27

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
© Денови.мк