Православен календар

Свети Александар Невски

23 ноември (по стар стил)

Син на кнезот Јарослав. Од малечок со срцето свртен кон Бога. Ги победи Швеѓаните на реката Нева, на 15 јули 1240 година, заради што е наречен Невски. Во таа прилика, на еден војвода на Александар му се јавија светителите Борис и Глеб и му ја ветија својата помош на великиот кнез, којшто им беше роднина. Во Златната Орда татарска свети Александар не сакаше да им се поклони на идолите ниту да помине низ оган. Заради неговата мудрост и телесна сила и убавина и татарскиот кан го уважуваше овој кнез. Градеше многубројни цркви и чинеше безбројни дела на милостиња. Се упокои во својата четириесет и трета година, на 14 ноември 1263 година, а на 23 ноември се празнува преносот на неговите мошти во градот Владимир.

Сподели на твитер
днсНоември 2023
С119
Ч220
П321
С422
Н523
П624
В725
С826
Ч927
П1028
С1129
Н1230
П1331
В141
С152
Ч163
П174
С185
Н196
П207
В218
С229
Ч2310
П2411
С2512
Н2613
П2714
В2815
С2916
Ч3017
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
МаслоМасло
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
16
стар
стил
Ноември
29
Ноември
нов
стил
Сре., Божикен пост. Масло.
+Апостол и евангелист Матеј (60)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Искрената вера значи одрекување на својот ум. Треба умот да се соголи и да биде како чиста даска пред верата, за таа да се оцрта себеси на неа каква што е, без никакви примеси на туѓи мисли и правила. Кога во умот остануваат сопствените правила, тогаш, откако ќе се оцртаат на неа правилата на верата, ќе се добие смеса на правила: сознанието ќе биде збунето среќавајќи противречности помеѓу дејствата на верата и мудрувањата на умот. Такви се сите кои што со своите мудрувања стапуваат во областа на верата... Тие не ја разбираат верата и ништо од нив не излегува, освен штета.

Св. Теофан Затворник
Мисли за секој ден во годината, 11.04

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк