Православен календар

Свети Прокло, патријарх Цариградски

20 ноември (по стар стил)

Ученик на свети Јован Златоуст. Во 426 година го посветија за епископ Кизички, во 435 година избран е за патријарх Цариградски. Управуваше со Божјата Црква како мудар архијереј. Во негово време се случија два значајни настани. Прво, преносот на моштите на светиот Јован Златоуст од Коман во Цариград, според желбата на царот и патријархот. Во тоа време царуваа Теодосиј Помладиот и сестра му Пулхерија. Второ, имаше голем земјотрес во Цариград и околината. Многу од најголемите и најубавите зданија попаѓаа од силниот потрес. Тогаш патријархот со царот и со многубројно свештенство, големци и народ излегоа на литија. И кога на литијата Му се молеа на Бога, се случи едно дете да биде чудесно земено високо во воздухот, така што најпосле не можеше да се види со очите. Потоа се врати и се спушти лесно на земјата. Кога го прашаа каде беше, детето одговори дека било однесено на небото меѓу ангелите и ги слушнало како пеат: „Свети Боже, Свети Крепки, Свети Бесмртни помилуј нѐ !“ Кога го слушнаа ова сите луѓе во литијата почнаа да ја пеат оваа песна и земјотресот веднаш престана. Оттогаш оваа прекрасна песна се вплоти прво во литиите, а потоа во литургијата на Црквата. А детето наскоро се упокои и го погребаа во црквата Света Ирина. Свети Прокл послужи како архијереј дваесет години и во 446 година се упокои мирно во Господ.

Сподели на твитер
днсОктомври 2026
Ч118
П219
С320
Н421
П522
В623
С724
Ч825
П926
С1027
Н1128
П1229
В1330
С141
Ч152
П163
С174
Н185
П196
В207
С218
Ч229
П2310
С2411
Н2512
П2613
В2714
С2815
Ч2916
П3017
С3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Не се постиНе се пости
текстови

• Што е тоа пост и зошто постиме?
• Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
5
стар
стил
Октомври
18
Октомври
нов
стил
Недела. Не се пости.
Мц. Харитина (304); Св. Петар, Алексеј, Јона, Филип, Ермоген и Тихон Моск.
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Помни ги овие две помисли и плаши се од нив. Едната вели: ти си свет; другата: ти нема да се спасиш. Тие две помисли се од непријателот и нема во нив вистина. Но, ти вака мисли: јас сум голем грешник, ама Господ е Милостив, Он многу ги љуби луѓето и ќе ми ги прости моите гревови.

Преп. Силуан Атонски
Списи. XVII.1

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк