Православен календар

Свети Нифонт, патријарх Цариградски

11 август (по стар стил)

Родум од Грција. Во младоста стана монах и се подвизуваше најпрво надвор од Света Гора, а потоа на Света Гора, по разни манастири, задржувајќи се најдолго во Дионисијат. Сите светогорци необично многу го љубеа заради неговата ретка мудрост и извонредна кротост. Без негова волја стана епископ Солунски. Но, по две години отиде по работа во Цариград и таму го избраа на испразнетиот патријаршиски престол. Султанот го протера во Едрене, каде живееше во прогонство. Влашкиот кнез Радул го измоли од султанот и го постави за архиепископ Влашки. Заради еден престап на Радул, Нифонт ја напушти Влашка и отиде на Света Гора, во обителта на Дионисијат, каде се подвизуваше до својата деведесетта година, кога се пресели во Царството Божјо, во 1460 година. Тој е составувач на разрешителната молитва што се чита на погреб.

Сподели на твитер
днсАвгуст 2026
С119
Н220
П321
В422
С523
Ч624
П725
С826
Н927
П1028
В1129
С1230
Ч1331
П141
С152
Н163
П174
В185
С196
Ч207
П218
С229
Н2310
П2411
В2512
С2613
Ч2714
П2815
С2916
Н3017
П3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Не се постиНе се пости
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
29
стар
стил
Јули
11
Август
нов
стил
Вторник. Не се пости.
Мч. Калиник (III-IV); Преп. Константин и Козма Косински (XIII)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Духовниот отец како столб го укажува патот којшто треба сами да го изодиме. Ако духовниот отец укаже, а ученикот самиот не се движи, тогаш тој никаде нема да стигне, а ќе згние покрај тој столб.

Преп. Никон Оптински

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк