Православен календар

Светиот маченик Евпл

11 август (по стар стил)

Ѓакон во Катана Сицилиска. Царот Диоклецијан испрати во Сицилија некој војвода Пентагур за да ги уништи христијаните, зашто оние малку што ги имаше се криеја од гонителите и не се објавуваа себеси. Тогаш некој го обвини свети Евпл дека оди со некоја книга кај некои потајни христијани и им ја чита таа книга. Книгата беше Светото Евангелие. Откако го изведоа на суд, по малку време незнабожците му ја обесија онаа книга на вратот и го одведоа во затвор. По седум дена затвор и гладување беше предаден на мачење. Кога го биеја со железни стапови, Евпл им се потсмеваше, велејќи му на судијата мачител: „Безумнику, нели гледаш дека овие маки заради Божјата помош се како пајажина за мене. Ако можеш пронајди други, потешки, зашто овие ми се како играчка.“ Најпосле Христовиот маченик го изведоа на губилиштето. Тогаш мнозина се обратија во Христовата вера, а светиот Евпл го убија со меч. Во Царството Небесно се пресели во 304 година. Неговите чудотворни мошти лежат во едно село близу Неапол.

Сподели на твитер
днсАвгуст 2026
С119
Н220
П321
В422
С523
Ч624
П725
С826
Н927
П1028
В1129
С1230
Ч1331
П141
С152
Н163
П174
В185
С196
Ч207
П218
С229
Н2310
П2411
В2512
С2613
Ч2714
П2815
С2916
Н3017
П3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Строг постСтрог пост
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
4
стар
стил
Август
17
Август
нов
стил
Пон., Успенски пост. Строг пост.
Св. 7 маченици младенци во Ефес
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Потребно е да се сака само едно: да се биде со Исуса. Богат е оној кој пребива со Исуса, па дури и да е беден во материјална смисла. Кој го сака земното повеќе од небесното - се лишува и од небесното и од земното. Оној што го бара небесното - господар е на целиот свет

Св. Игнатиј Брјанчанинов
Отечник, авва Евгениј

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк