Православен календар

Светиот маченик Понтиј

5 август (по стар стил)

Сенатор, син на сенаторот Марко и неговата жена Јулија. Јулија беше бездетна и зачна дури после дваесет и две години брачен живот, кога го роди Понтиј. Крстен од папата Понтијан заедно со својот другар Валериј, кој подоцна го напиша неговото житие, тој успеа да го приведе во верата својот татко Марко и царот Филип со синот и мнозина други угледни римјани. Како сенатор многу ја штитеше и ја помагаше Црквата и му беше голем пријател на папата Фавиј. Кога настана Декиевото гонење, Понтиј побегна од Рим и се сокри под Алпските Планини. Но, во времето на Валеријан и Галиен беше фатен и подложен на страшни маки, при што се пројавија многубројни Божји чуда и мнозина се обратија кон Христа. Овде се најдоа и голем број Евреи што му викаа на судијата: „Убиј го, убиј го тој маѓепсник!“ На тоа Свети Понтиј ги воздигна рацете кон небото и рече: „Ти, благодарам, Боже мој, што и Евреите викаат против мене како и некогаш нивните татковци против Христа: распни го, распни!“ Го убија со меч во 257 година и го погребаа до неговиот пријател Валериј.

Сподели на твитер
днсАприл 2024
П119
В220
С321
Ч422
П523
С624
Н725
П826
В927
С1028
Ч1129
П1230
С1331
Н141
П152
В163
С174
Ч185
П196
С207
Н218
П229
В2310
С2411
Ч2512
П2613
С2714
Н2815
П2916
В3017
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Строг постСтрог пост
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
6
стар
стил
Април
19
Април
нов
стил
Пет., Велик Пост. Строг пост.
+Св. Методиј, архиеп. Моравски (885); Св. Евтихиј, архиеп. Констант. (582)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Кога ние доблесно и без ропот ги трпиме скрбите кои нè снаоѓаат, тогаш, иако не целосно, но по малку - учествуваме во Христовите страдања.

Преп. Макариј Оптински
Писма, 473

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк