Православен календар

Светите седуммина младенци во Ефес

4 август (по стар стил)

Во времето на царот Декиј имаше големо гонење на христијаните. Самиот цар дојде во Ефес и овде приреди гиздаво и бучно празнување на мртвите идоли, но и страшен колеж на христијаните. Седуммина момчиња, војници, се воздржаа од скверното жртвопринесување и усрдно Го молеа Бога Единствениот да го спаси христијанскиот род. Беа синови на најугледните ефески старешини, а имињата им беа: Максимилијан Јамвлих, Мартинијан, Јован, Дионисиј, Егзакустодијан и Антонин. Кога беа обвинети кај царот, се засолнија на ридот Охлон зад градот Ефес и овде се скрија во некоја пештера. Кога царот дозна за тоа, нареди да ја заѕидаат пештерата со момчињата внатре. А Бог, според Својата далекусежна Промисла, пушти еден чуден и долготраен сон на нив. Царските дворјани Теодор и Руфин, кои беа потајни христијани, дадоа таму да се вѕида и едно бакарно ковчеже со оловни плочи на коишто беа испишани имињата на овие момчиња и нивната маченичка смрт во време на царот Декиј. Оттогаш поминаа над двесте години. Во времето на царот Теодосиј Помладиот (408–450) настана голем спор околу воскресението на мртвите, затоа што имаше некои што се посомневаа во воскресението. Царот Теодосиј беше во голема тага заради овој спор меѓу верните и Му се молеше на Бога на некој начин да им ја објави вистината на луѓето. Во тоа време на бура во Црквата, овчарите на некој Адолиј кој го поседуваше ридот Охлон, почнаа да прават трла за овците и земаа камен по камен од онаа пештера. Тогаш младенците се разбудија од сон, млади и здрави какви што заспаа. И тоа чудо се разгласи на сите страни, та и самиот цар Теодосиј дојде со голема свита и со умиление разговараше со момчињата. После една недела тие повторно заспаа со сон смртен, за да го чекаат општото воскресение. Царот сакаше да ги положи нивните тела во златни ковчези, но тие му се јавија во сон и му рекоа да ги остави на земја како што се полегнати.

Сподели на твитер
днсАвгуст 2026
С119
Н220
П321
В422
С523
Ч624
П725
С826
Н927
П1028
В1129
С1230
Ч1331
П141
С152
Н163
П174
В185
С196
Ч207
П218
С229
Н2310
П2411
В2512
С2613
Ч2714
П2815
С2916
Н3017
П3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Строг постСтрог пост
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
4
стар
стил
Август
17
Август
нов
стил
Пон., Успенски пост. Строг пост.
Св. 7 маченици младенци во Ефес
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Како што нема ништо поспротивно на Бога од гордоста, бидејќи во неа се крие обоготворувањето на самиот себе, на својата ништожност и гревовност, така најпријатно за Бога е смирението, коешто се смета себеси за ништо, та секое добро, чест и слава му ги припишува на Бога. Гордоста не ја прима благодатта затоа што е полна со себеси, а смирението лесно ја прима благодатта затоа што е ослободено како од себеси, така и од сè тварно. Бог создава од ништо, сè додека сакаме да мислиме дека сме нешто, Он во нас нема да го почне своето дело. Смирението е сол на добродетелта. Како што солта му придава на јадењето вкус, така смирението им придава на добродетелите совршенство. Без сол јадењето лесно се расипува, а без смирение добродетелта лесно се уништува поради гордоста, суетата, нетрпеливоста, и исчезнува. Има смирение кое што човекот го добива преку сопствен подвиг, со тоа што го познава своето недостоинство, се укорува себеси за своите недостатоци и не си дозволува да ги суди другите. А има смирение, во кое Бог го воведува човекот преку своите судови: допуштајќи му да искуси оскрбувања, унижувања, лишувања.

Св.Филарет Московски
Славата на Богомајката, 9

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк