Православен календар

Светите апостоли Сила, Силуан, Крискент, Епенет и Андроник

30 јули (по стар стил)

Сите се од седумдесетмината апостоли. Свети Сила беше испратен од Ерусалим во Антиохија со Павле и Варнава да го решат спорот меѓу верните околу обрезанието, односно дека не треба да се обрезуваат незнабожците кои преминуваат во христијанство (ДАп. 15, 22). По ова, Сила патуваше со Павле по Азија и Македонија и беше поставен за епископ во Коринт, каде мирно се упокои. Силуан им помагаше на двајцата врховни апостоли (1Пт. 5, 12; 2Кор. 1, 19). Како епископ во Солун се потруди многу и многу претрпе додека не го замени земниот живот со небесниот. Крискент му беше сотрудник на Светиот апостол Павле (2Тим. 4, 10), а потоа епископ во Галија, каде маченички пострада за Христа во времето на Трајан. Свети Епенет, кого го спомнува Светиот апостол Павле (Рим. 16, 5), беше епископ во Картагена. Андроник (Рим. 16, 7), епископ Панонски, се спомнува одделно, на 17 мај.

Сподели на твитер
днсАвгуст 2026
С119
Н220
П321
В422
С523
Ч624
П725
С826
Н927
П1028
В1129
С1230
Ч1331
П141
С152
Н163
П174
В185
С196
Ч207
П218
С229
Н2310
П2411
В2512
С2613
Ч2714
П2815
С2916
Н3017
П3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Строг постСтрог пост
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
4
стар
стил
Август
17
Август
нов
стил
Пон., Успенски пост. Строг пост.
Св. 7 маченици младенци во Ефес
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Христијанинот е должен да биде внимателен кон сите. Неговите зборови и дела треба да оддишуваат со благодатта на Светиот Дух којашто пребива во неговата душа, за на тој начин да се прославува името Божјо. Оној којшто го испитува секој збор, тој го испитува и секое дело. Оној којшто ги проверува зборовите што се токми да ги каже, ги проверува и делата што се токми да ги направи и никогаш нема да ја прејде границата на доброто и добродетелното поведение. Благодатните зборови на христијанинот се карактеризираат со истенченост и внимателност. Тоа е она што ја раѓа љубовта и ги носи мирот и радоста. Грубоста, пак, раѓа омраза, непријателство, жалост, желба да се победува, безпоредок и војни.

Св. Нектариј Егински
Пат кон среќа, 7

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк