Православен календар

Светата маченичка Серафима

29 јули (по стар стил)

Девојка по потекло од Антиохија. Живееше во Рим, во домот на една сенаторка Савина, која и ја приведе кон верата во Христа. Кога еден мачител на христијаните по име Вирил слушна за неа, нареди да му ја донесат. Пред него Серафима остана непоколеблива во верата, па тој нареди и ја фрлија во затвор, а потоа и испрати некои момчиња за да преноќат со неа и да ја осквернат. Кога момчињата дојдоа пред затворската врата, Серафима Му се молеше во затворот на Бога. Пред вратата одеднаш застана пред нив Ангел Господов со меч во рацете и тие паднаа како мртви, сосем несвесни и раслабени. Утредента мачителот ја замоли Серафима и таа со молитва ги врати во свест. Бидејќи сево ова го припиша на магии, Вирил нареди, та оваа света девица најнапред ја гореа со свеќи, а потоа ја тепаа со стапови. А додека ја биеја, едно парче од стап отскокна и го удри Вирил по очите, од што тој ослепе. Најпосле, на Христовата слугинка ѝ ја отсекоа главата со меч и таа Му го предаде духот на Бога. Благочестивата Савина чесно го погреба нејзиното тело, од кое потече исцеление за многумина. Света Серафима пострада во времето на царот Адријан (117–138).

Сподели на твитер
днсНоември 2023
С119
Ч220
П321
С422
Н523
П624
В725
С826
Ч927
П1028
С1129
Н1230
П1331
В141
С152
Ч163
П174
С185
Н196
П207
В218
С229
Ч2310
П2411
С2512
Н2613
П2714
В2815
С2916
Ч3017
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
МаслоМасло
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
16
стар
стил
Ноември
29
Ноември
нов
стил
Сре., Божикен пост. Масло.
+Апостол и евангелист Матеј (60)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Ако некој падне во некој грев и не жали поради тоа, лесно ќе падне повторно во истата мрежа

Преп. Марко Подвижник
Слова. 2. 215.

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк