Православен календар

Светиот свештеномаченик Ермолај

26 јули (по стар стил)

Свештеник Никомидиски. Во времето на царот Максимијан, тој беше заедно со оние дваесет илјади маченици коишто царот ги осуди да бидат изгорени в црква (житие под 28 декември). Ермолај некако ја избегна смртта во таа прилика, заедно со уште двајца други свештеници, Ермип и Ермократ. Тој го крсти свети Пантелејмон и заедно со него беше изведен на суд, мачен и најпосле убиен со меч. Со него пострадаа и Ермип и Ермократ и сите беа овенчани со венци на победа и слава во Царството Христово. Чесно пострадаа околу 304 година.

Сподели на твитер
днсАвгуст 2026
С119
Н220
П321
В422
С523
Ч624
П725
С826
Н927
П1028
В1129
С1230
Ч1331
П141
С152
Н163
П174
В185
С196
Ч207
П218
С229
Н2310
П2411
В2512
С2613
Ч2714
П2815
С2916
Н3017
П3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Не се постиНе се пости
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
29
стар
стил
Јули
11
Август
нов
стил
Вторник. Не се пости.
Мч. Калиник (III-IV); Преп. Константин и Козма Косински (XIII)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Кој и да си ти, со каква работа и да се занимаваш, дај си сметка на себеси, на каков начин си го исполнил твоето дело: на христијански или на незнабожечки, т.е. потпирајќи се на самољубие и на животна корист. Христијанинот е должен да помни дека секое, дури и најмало дело, има морално начало. Христијанинот кој што го помни учењето на Исуса Христа е должен така да го исполнува секое свое дело што тоа би ја распространувало Божјата благодат и Царството Небесно помеѓу луѓето.

Св. Гавриил Имеретински
Годишен отчет

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк