Православен календар

Светата маченичка Маркела

22 јули (по стар стил)

На островот Хиос оваа светителка ужива огромна почит. Во нејзината црква постојано се случуваат чуда. Но, нејзиното житие е непознато. Според преданието, Маркела била необично побожна девојка која рано останала без мајка. Нејзиниот незнабожен и ѕвероподобен татко сакал да живее со ќерката како со жена, па Маркела побегнала од татко ѝ. Но, овој, разјарен како вистински ѕвер, ја стигнал и ја исекол на парчиња. Во близина на нејзиниот храм се наоѓаат некои камења коишто овде-онде биваат како со крв попрскани. Тие камења народот ги зема, ги носи в црква, ѝ се моли на света Маркела, па ги полага врз болни, и од тоа оздравуваат.

Сподели на твитер
днсАвгуст 2026
С119
Н220
П321
В422
С523
Ч624
П725
С826
Н927
П1028
В1129
С1230
Ч1331
П141
С152
Н163
П174
В185
С196
Ч207
П218
С229
Н2310
П2411
В2512
С2613
Ч2714
П2815
С2916
Н3017
П3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Строг постСтрог пост
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
4
стар
стил
Август
17
Август
нов
стил
Пон., Успенски пост. Строг пост.
Св. 7 маченици младенци во Ефес
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Колку повеќе човек води духовен живот, толку повеќе се одухотворува: тој почнува во сè да го гледа Бога, во сè пројавување на Неговите сили и моќ, секогаш и секаде се гледа себеси како пребива во Бога, и дека е од Бога во сè зависен. Но, колку повеќе човек води плотски начин на живот, толку повеќе и самиот станува исцело плотски: во ништо не го гледа Бога, ниту во најчудесните пројави на Неговата Божествена сила, туку во сè гледа плот, материја, и секаде и през целото време – „го нема Бога пред очите негови“ (Пс. 35,2).

Св. Јован Кронштадски
Мојот живот во Христа. 1,5

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк