Православен календар

Светиот пророк Језекиил

21 јули (по стар стил)

Син на свештеник од градот Сарира. Одведен во ропство во Вавилон со царот Јехонија и со многу други Израилци. Живеејќи во ропство Језекиил пророкуваше дваесет и седум години. Беше современик со пророкот Јеремија. И додека Јеремија учеше и пророкуваше во Ерусалим, Језекиил учеше и пророкуваше во Вавилон. Пророштвата на Јеремија ги дознаваа во Вавилон, а пророштвата на Језекиил во Ерусалим. Пророштвата на обајцата свети мажи се совпаѓаа. И обајцата беа наскрбувани и мачени од неверниот род еврејски. Пророкот Језекиил имаше страшни и нечуени виденија. На реката Ховар ги виде небесата отворени, облак, оган и блескање и четири животни како растопен бакар. Едното животно имаше лице човечко, другото лице на лав, третото телешко, а четвртото орловско. Човечкото лице Го означува Господа воплотен како човек, лавовското го означува Неговото Божество, телешкото Неговата жртва, орловското лице го претставува Неговото воскресение и вознесение. Другпат му се покажа слика на воскресението на мртвите. Пророкот виде долина полна со суви мртовечки коски и кога над нив слезе Духот Божји сите мртовци оживеаја и застанаа на своите нозе. Ја виде уште и најстрашната пропаст на Ерусалим, кога гневот Божји покоси се освен оние што отпорано беа обележани со грчкиот знак наречен тав, а тој знак е како нашата буква Т, што, пак, е знак на крстот. Злобата на Евреите не го поштеди ниту овој свет маж. Огорчени на него затоа што ги изобличуваше, Евреите го врзаа за опашки на коњи и така го растргнаа. Погребан е во гробницата на Ноевиот син Сим.

Сподели на твитер
днсЈануари 2026
Ч119
П220
С321
Н422
П523
В624
С725
Ч826
П927
С1028
Н1129
П1230
В1331
С141
Ч152
П163
С174
Н185
П196
В207
С218
Ч229
П2310
С2411
Н2512
П2613
В2714
С2815
Ч2916
П3017
С3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
ПостПост
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
10
стар
стил
Јануари
23
Јануари
нов
стил
Петок. Пост.
Св. Григориј, еп. Ниски (395); +Св. Теофан Затворник (1894)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Оној кој не љуби, не само што пребива во духовна смрт, туку и секое негово дело, дури и да има надворешен изглед на добродетел – мртво е и бесплодно, а секој негов збор е бездушен.

Св. Филарет Московски
Слово кон оние кои се заветуваат

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк