Православен календар

Свети Акакиј епископ Мелитински

17 април (по стар стил)

Се подвизуваше во својот роден град ерменска Мелитина. Епископот на тој град, блажениот Отриј, којшто учествуваше на Вториот Вселенски Собор, го ракоположи за презвитер. После смртта на Отриј, епископ стана Акакиј. Учествуваше на Третиот Вселенски Собор во Ефес, кој го осуди Несториевото злохулство кон Пресвета Богородица. Овде заедно со светиот Кирил Александриски многу ревнуваше за чистотата на православната вера. Свети Акакиј имаше голема благодат од Бога и вршеше многубројни чуда. После долг и ревносен живот во Христа мирно се упокои во 435 година.

Сподели на твитер
днсЈули 2019
П118
В219
С320
Ч421
П522
С623
Н724
П825
В926
С1027
Ч1128
П1229
С1330
Н141
П152
В163
С174
Ч185
П196
С207
Н218
П229
В2310
С2411
Ч2512
П2613
С2714
Н2815
П2916
В3017
С3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Не се постиНе се пости
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
8
стар
стил
Јули
21
Јули
нов
стил
Недела. Не се пости.
Вмч. Прокопиј (303); Јавување на Казанската икона Богородична (1579)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Старицата Теодора раскажувала: некој монах, којшто трпел многу маки, си рекол: ќе заминам од овде. Со тие зборови тој почнал да си ги облекува сандалите на нозете и одеднаш го видел ѓаволот во аголот од неговата ќелија во вид на човек којшто исто така облекувал сандали на нозете и којшто му рекол: поради мене ли си одиш одовде? Знај дека каде и да одиш, јас ќе бидам таму пред тебе.

Св. Игнатиј Брјанчанинов
Отечник

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
© Денови.мк