Православен календар

Свети Мартин Исповедник папа Римски

14 април (по стар стил)

Во времето на јаросната расправа на православните со еретиците монотелити, на 5 јули 649 година, свети Мартин беше посветен за папа. Тогаш царуваше Констанс II, внукот на Ираклиј, а цариградски патријарх беше Павле. Со цел да се воспостави мир во Црквата самиот цар го напиша списот „Гипос“, којашто многу им угодуваше на еретиците. Папата Мартин свика собор од сто и петмина епископи, на којшто овој царев спис беше осуден. Во исто време папата му напиша писмо на патријархот Павле, молејќи го да ја држи чистата православна вера и да го посоветува царот да ги остави еретичките мудрувања. Ова писмо ги разлути и патријархот и царот. Затоа царот испрати во Рим еден војвода Олимпиј, за да го доведе римскиот папа врзан во Цариград. Војводата не се дрзна да го врзе папата, туку наговори еден војник да го убие со меч в црква. Но, кога влезе војникот со скриениот меч во црквата, одеднаш ослепе. И со Божјата Промисла Мартин ја избегна смртта. Во она време пак, Сарацените напаѓаа на Сицилија и војводата Олимпиј замина за Сицилија и таму умре. Тогаш со сплетка на патријархот-еретик Павле, царот испрати друг војвода, Теодор, за да го врзе и да го доведе папата под обвинение дека тој, папата, стои во дослух со Сарацените и дека не Ја почитува Пресвета Богородица. Кога војводата стаса во Рим и го прочита обвинението против папата, овој одговори дека тоа е клевета, дека самиот нема никаква заедница со Сарацените коишто се противници на христијанството, „а оној што не ја почитува Пречиста Богородица и не ја исповеда и не и се поклонува, да биде проклет и на овој и на оној век“. Ова не ја измени одлуката на војводата. Тој го доведе папата врзан во Цариград, а таму свети Мартин мошне болен лежеше во затвор, мачен и исцрпуван со глад, додека најпосле не го осудија на прогонство во Херсон, каде што поживеа две години и издивна заради Господ во 655 година. Две години пред него умре во покајание Павле. И кога царот го посети пред смртта, тој ја заврте главата на другата страна и заплака исповедајќи дека многу грешеше против папата Мартин. Пред смртта Павле го молеше царот да го ослободи светиот папа Мартин.

Сподели на твитер
днсМарт 2024
П117
С218
Н319
П420
В521
С622
Ч723
П824
С925
Н1026
П1127
В1228
С1329
Ч141
П152
С163
Н174
П185
В196
С207
Ч218
П229
С2310
Н2411
П2512
В2613
С2714
Ч2815
П2916
С3017
Н3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Строг постСтрог пост
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
16
стар
стил
Март
29
Март
нов
стил
Пет., Велик Пост. Строг пост.
Ап. од 70-те Аристовул, еп. Британски (I); Мч. Савин Египетски (287)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

И така, бидејќи му припаѓаме на Светиот Бог, да правиме сè што се однесува кон светоста, избегнувајќи ги злословијата, нечистите и порочни врски, пијанствата, страстите кон новотарии во верата, ниските похоти, скверното прељубодејство и гнасната гордост. Бидејќи е речено: „Бог им се противи на горделивите, а на смирение им дава благодат“ (1Пет. 5,5). И така, да се присоединиме кон оние на коишто им е дадена благодат од Бога. Да се облечеме во единомислие, да бидеме смирени, воздржани, далеку од секоја клевета и злословење, оправдувајќи се себе си со дела, а не со зборови... нашата пофалба да биде од Бога, а не од нас самите; Бог ги мрази оние кои што самите себеси се фалат. Нека сведоштвото за нашето добро поведение биде дадено од другите.

Св. Климент Римски
Кон Коринтјаните, 30

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк