Православен календар

Преподобниот маченик Вадим

9 април (по стар стил)

Во времето на персискиот цар Сапор, игуменот на еден манастир, Вадим, маж исполнет со благочестие, беше фрлен во затвор заедно со седуммина свои ученици. Во затворот со нив беше и еден кнез христијанин, Нирсан. Секој ден ги изведуваа и ги тепаа. Се уплаши кнезот Нирсан и вети дека ќе ја напушти верата и ќе му се поклони на сонцето. Ова му беше угодно на Сапор и тој му вети на Нирсан дека меѓу другото ќе му го даде и сиот имот на Вадимовиот манастир, ако тој се согласи со своја рака да го убие Вадим. Нирсан се согласи и на тоа. Раката му се тресеше од страв пред достоинственото лице на Свети Вадим и тој удираше многупати по вратот на светиот игумен дури не го обезглави. Но наскоро по ова падна во очајание и самиот себеси се прободе со меч, примајќи казна од своја рака зашто уби праведник. Свети Вадим пострада во 367 година.

Сподели на твитер
днсДекември 2023
П118
С219
Н320
П421
В522
С623
Ч724
П825
С926
Н1027
П1128
В1229
С1330
Ч141
П152
С163
Н174
П185
В196
С207
Ч218
П229
С2310
Н2411
П2512
В2613
С2714
Ч2815
П2916
С3017
Н3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
МаслоМасло
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
24
стар
стил
Ноември
7
Декември
нов
стил
Чет., Божикен пост. Масло.
Вмц. Екатерина (313); Вмч. Меркуриј (III); Мч. Меркуриј Смоленски (1238)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

На гордата душа Господ не ѝ се јавува. Гордата душа, дури и сите книги да ги изучи - никогаш нема да го познае Господа, бидејќи таа со гордоста своја не прави во себе место за благодатта на Светиот Дух, а Бог се познава само преку Светиот Дух.

Преп. Силуан Атонски
Писанија III.11.

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк