Православен календар

Преподобен Марко Трачески

5 април (по стар стил)

Се нарекува уште и Атински, според неговото родно место Атина. Кога таму ги заврши високите школи, родителите му умреа. Тој во себе помисли дека благовремено треба да се подготви за чесен излез од овој свет. Откако им го раздаде имотот на сиромашните, седна на една штица и тргна по морето со тврда вера во Божјата помош и молејќи Го Бога да го одведе на место коешто ќе ѝ биде угодно на Неговата Света волја. Промислителот Бог го одведе во Ливија (или Етиопија), на планината наречена Траческа. На оваа планина Марко се подвизуваше полни деведесет и пет години и не виде таму ниту човек ниту ѕвер. Цели триесет години водеше страшна борба со демоните и се мачеше со глад и жед и жега и мраз. Јадеше земја и пиеше морска вода. После триесет години најжестоко страдање, демоните победени побегнаа од него, а ангел Божји почна секој ден да му носи храна во вид на леб, риба и овошје. Пред смртта дојде да го посети свети Серапион којшто потоа и го објави житието на овој чудесен светител. Марко го запраша Серапион: „Има ли денес христијани во светот кои кога би ѝ рекле на оваа гора: ’Дигни се одовде и фрли се в море’, тоа и би се случило?“ Во тој миг кон морето се крена планината на којашто седеа самите. А Марко замавна со раката и ја запре велејќи ѝ: „Не ти зборувам тебе, врати се назад“. Таква чудотворна сила имаше овој Божји човек. Пред смртта се помоли за спасението на луѓето и Му ја предаде својата душа на Бога. Свети Серапион ги виде ангелите што ја зедоа душата на свети Марко и раката што се пружи од небото за да ја прифати. Свети Марко поживеа сто и триесет години и се упокои во Господ околу 400 година.

Сподели на твитер
днсАприл 2021
Ч119
П220
С321
Н422
П523
В624
С725
Ч826
П927
С1028
Н1129
П1230
В1331
С141
Ч152
П163
С174
Н185
П196
В207
С218
Ч229
П2310
С2411
Н2512
П2613
В2714
С2815
Ч2916
П3017
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Строг постСтрог пост
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
30
стар
стил
Март
12
Април
нов
стил
Пон., Велик Пост. Строг пост.
Преп. Јован Лествичник, игумен Синајски (649)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Господ сака да се љубиме еден со друг; во тоа е слободата – во љубовта кон Бога и кон ближниот. Во тоа се и слободата и еднаквоста. Во земните чинови не може да има еднаквост, но тоа за душата не е важно. Не секој може да биде цар, не секој може да биде патријарх или началник; но во секоја положба може да се љуби Бог и да Му се угоди, и само тоа е важно. И кој повеќе Го љуби Бога на земјата, тој во поголема слава ќе биде во Царството.

Преп. Силуан Атонски
Записи, VI.23

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
© Денови.мк