Православен календар

Преподобен Јован Прозорлив

27 март (по стар стил)

До неговата дваесет и петта година беше дрводелец, а потоа гонет од неодолива желба за постојана молитва, се оддалечи во пустина и таму поживеа до својата смрт, т.е. до деведесеттата година. Телесен, но како бестелесен. Проѕираше во срцето на секој човек што ќе му се приближеше и можеше да му го каже и името и неговата желба и мисла. На царот Теодосиј му го пророкуваше исходот на битките; им пророкуваше и на војводите, монасите и на секого којшто имаше потреба да дознае што се крие во темнината на идните денови за него. Еден кнез го молеше да ја прими неговата жена, која особено сакаше да го види. Светителот не сакаше да ѝ удоволи на празната љубопитност, туку во сон ѝ се јави на кнегињата таков каков што е. Кога жената му го опишна мажот нејзиното видение, тој ѝ потврди дека ликот на Јован е навистина таков. Своите посетители ги поучуваше за смирението како за основна добродетел, секогаш наведувајќи примери од животот како многубројни возвишени карактери гордоста ги урнала во прав, наведувајќи ги на тешки гревови. Самиот издржа големи напади од демоните. Еднаш му се јави сатаната со множество од демони во вид на сјајни ангели. Тие го гонеа да му се поклони на сатаната, мамејќи дека тоа е Христос. А светителот мудро им одговори: „На Царот мој Исус Христос јас Му се поклонувам секој ден; да беше ова Тој немаше од мене особено да бара токму сега да Му се поклонам“. По овие зборови целата зла сила исчезна како чад. Светиот Јован прозорлив се упокои мирно коленичејќи на молитва, во неговата деведесетта година.

Сподели на твитер
днсСептември 2023
П119
С220
Н321
П422
В523
С624
Ч725
П826
С927
Н1028
П1129
В1230
С1331
Ч141
П152
С163
Н174
П185
В196
С207
Ч218
П229
С2310
Н2411
П2512
В2613
С2714
Ч2815
П2916
С3017
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Не се постиНе се пости
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
10
стар
стил
Септември
23
Септември
нов
стил
Сабота. Не се пости.
Св. маченички Минодора, Митродора и Нимфодора (311)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Ако некој посака да се заштити од заблуди и да остане во здравата вера должен е да ја огради својата вера како прво со авторитетот на Светото Писмо, а како второ со Преданието на Црквата. Но, можеби некој ќе праша: „канонот на Писмата е совршен и доволен за сè, зошто кон него да го присоединуваме авторитетот на Преданието?“ Затоа што Писмото не го разбираат сите исто, и еден го толкува вака, друг инаку, така што од него може да се извлечат толку толкувања колку што постојат глави. И затоа е неопходно да се раководиме според црковното разбирање... Што е тоа Предание? Тоа во што во Црквата верувале сите, секогаш и насекаде... Тоа што си го примил, а не тоа што си го измислил... бидејќи наш долг е не ние да ја водиме религијата каде што ќе посакаме, но да последуваме каде таа ќе нè одведе, и не своето да им го предадеме на потомците, туку да го зачуваме она што сме го примиле од предците.

Преп. Викентиј Лерински
Записи на Перегрин

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк