Православен календар

Спомен на чудото во Печерскиот манастир

24 март (по стар стил)

Двајца другари, Јован и Сергиј, се побратимија пред иконата на Пресвета Богородица во овој манастир. Јован беше богат човек и имаше петгодишен син Захарија. Јован се разболе и пред смртта својот син го предаде на старателство кај Сергиј, на кого што му остави на чување прилично количество злато и сребро, со тоа што тоа требаше да му биде врачено на Захарија кога ќе порасне. Но, кога порасна Захарија, Сергиј одрече дека примил било што од умрениот Јован. Тогаш Захарија му побара да се заколне пред истата онаа икона на Пресвета Богородица пред којашто влезе во братство со неговиот покоен татко Јован, а вети дека потоа тој не би барал од него ништо. Сергиј се согласи. Но, кога се заколна, сакаше да пријде да ја целива иконата, само што некоја сила го држеше на растојание и не му допушташе. Тогаш почна бесомачно да вика: „Свети отци, Антониј и Теодосиј, не пуштајте да ме погуби овој немилосрден ангел!“ По Божјо допуштение беше нападнат од демонот. По ова Сергиј му ги покажа на Јовановиот син сите пари што ги наследи од таткото. Кога отворија пак, ја најдоа онаа сума удвоена, како што по Божја Промисла се имаше удвоено сама од себе. Штом ги прими парите Захарија му ги даде на манастирот, а самиот таму се потстрижа за монах, проживеа долго и се удостои со големи духовни дарови. Мирно се упокои во Господ.

Сподели на твитер
днсНоември 2023
С119
Ч220
П321
С422
Н523
П624
В725
С826
Ч927
П1028
С1129
Н1230
П1331
В141
С152
Ч163
П174
С185
Н196
П207
В218
С229
Ч2310
П2411
С2512
Н2613
П2714
В2815
С2916
Ч3017
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
МаслоМасло
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
16
стар
стил
Ноември
29
Ноември
нов
стил
Сре., Божикен пост. Масло.
+Апостол и евангелист Матеј (60)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Она што го велиме или го правиме без молитва, тоа потоа се покажува или погрешно или штетно и нè разобличува преку делата на непознат за нас начин.

Преп. Марко Подвижник
Слова. 2. 108

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк