Православен календар

Преподобен Никон Печерски

23 март (по стар стил)

Другар на Свети Антониј Печерски и духовен отец на Преподобниот Теодосиј. Затоа што ги потстрижа во монаштво бојаринот Варлам и евнухот Ефрем беше загрозен од кнезот Изјаслав, но кнегињата го обрати гневот на овој кнез во страв Божји, па тој го остави светиот Никон. Сакајќи да го украси храмот со икони Никон Му се молеше на Бога за помош. И заради неговите молитви ненадејно дојдоа во Киев од Цариград едни Грци иконописци на коишто во видение им се јавиле Светите Антониј и Теодосиј и ги упатиле кај Никон во Киев. Прочуен е по своите смели подвизи и по духовната мудрост. Во староста против неговата волја го избраа за печерски игумен. Се претстави кај Господа во 1066 година. Неговите нетлени мошти се чуваат во киевските пештери.

Сподели на твитер
днсМарт 2025
С116
Н217
П318
В419
С520
Ч621
П722
С823
Н924
П1025
В1126
С1227
Ч1328
П141
С152
Н163
П174
В185
С196
Ч207
П218
С229
Н2310
П2411
В2512
С2613
Ч2714
П2815
С2916
Н3017
П3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Строг постСтрог пост
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
13
стар
стил
Март
26
Март
нов
стил
Сре., Велик Пост. Строг пост.
Пренос на моштите на св. Никифор, патр. Константинополски (846)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Ако преку ден ткаеш, а навечер го разврзуваш исткаеното - никогаш нема да исткаеш. Ако преку ден градиш, а навечер рушиш, никогаш нема да изградиш. Ако се молиш на Бога, а правиш пред Него зло, тогаш нема ниту да го исткаеш, ниту да го изградиш домот на својата душа.

Св. Николај Охридски
Мисли за доброто и злото

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк