Православен календар

Свети Тома, патријарх Цариградски

21 март (по стар стил)

Живееше во времето на царевите Маврикиј и Фока, кога патријархуваа свети Јован Постник и Киријак. Свети Јован ја забележа неговата ревност и неговото големо благочестие и го возведе во чин на сакелариј (намесник) на Патријаршијата, а по смртта на Киријак го избраа за патријарх. Во негово време се случи еден необичен настан. Кога еднаш одеа во литија со крстови, крстовите почнаа сами од себе да се нишаат и да се удираат еден од друг. На ова се зачуди сиот народ. Кога патријархот дозна и се увери во вистинитоста на овој настан, го викна Теодор Сикеот, прочуен испосник и прозорливец, и го замоли да му објасни што се претскажало со таа случка. Теодор му се помоли на Бога и му откри на патријархот дека тоа ги означува големите неволји што ќе ја снајдат Црквата, а коишто ќе дојдат и на целото грчко царство заради внатрешните политички и верски раздори. Ова наскоро сосем се исполни. Тома го молеше Теодор тој да се помоли на Бога за него за Бог да го земе кај себе пред да настапат оние беди. „Заповедаш да дојдам кај тебе или да се видиме таму пред Бога?“, му одговори во писмо Теодор и со ова му кажа дека наскоро обајцата ќе умрат. Истиот тој ден патријархот се разболе и умре, а набрзо по него се упокои и светиот Теодор. Светиот Тома се пресели кај Господа во 610 година.

Сподели на твитер
днсСептември 2023
П119
С220
Н321
П422
В523
С624
Ч725
П826
С927
Н1028
П1129
В1230
С1331
Ч141
П152
С163
Н174
П185
В196
С207
Ч218
П229
С2310
Н2411
П2512
В2613
С2714
Ч2815
П2916
С3017
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Не се постиНе се пости
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
10
стар
стил
Септември
23
Септември
нов
стил
Сабота. Не се пости.
Св. маченички Минодора, Митродора и Нимфодора (311)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

На сите нам, љубезни браќа и сестри, ни претстои да умреме, и тешко нам ако, живеејќи на овој свет, не се љубиме еден со друг, ако не се примируваме со нашите противници на кои сме им лути, еден со друг ако се ожалостиме не си проштеваме – во тој случај нема да имаме на оној свет вечен покој и блаженство, и нема да ни ги прости нашиот Отец Небесен нашите гревови,

Св. Петар Цетињски
Послание кон Радуловичи, 1805 год.

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк