Како што Бог сите луѓе подеднакво ги осветлува со сончевата светлина, така и тие кои што сакаат да го подражаваат Бога треба да им светат на сите со општ и подеднаков зрак на љубовта. Затоа што онаму каде што исчезнува љубовта, неизбежно на нејзино место доаѓа омразата. А штом Бог е љубов, тогаш омразата е ѓаволот. Затоа, како што оној кој има љубов во себе Го има Бога, така и оној кој има омраза го храни во себе ѓаволот.
Св. Василиј Велики
Поуки за подвижништвото, 3